Германија забрани ограноци на крајно десничарското движење „Рајхсбуергер“
Германската полиција утрово изврши рација во десет покраини против ограноци на крајно десничарското движење „Рајхсбуергер“, што е обвинето за спроведување антивладини и расистички идеологии.
Министерот за внатрешни работи, Хорст Шихофер за првпат досега ја забрани фракцијата „Обединет германски народ и племиња“, крајно десничарско движење на „Рајхсбуергер, група која го негира постоењето и авторитетот на современата германска Влада.
Министерството за внатрешни работи на Германија соопшти дека околу 400 полицајци заплениле огнено оружје, пропаганден материјал и мало количество на дрога за време на рацијата во домовите на 21 водечки членови на групата.
-Ние се занимаваме со група која дистрибуира расистички и антисемитски списи и на тој начин системски го труе нашето слободно друштво, изјави Шихофер.
Шихофер вети дека ќе се бори против расизмот, исламофобијата и антисемитизмот по серијата злосторства од омраза што се случија минатата година.
Групата го отфрла авторитетот на современата германска држава и промовира поим за природни права, мешајќи ја оваа идеологија со крајната десничарска политика и езотеричните теории на заговор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари