Ким Џонг Ун: Ниту доминацијата ниту тиранијата не можат да ги скршат врските со Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека воениот сојуз меѓу неговата земја и Русија „ќе напредува без престан“, јави државната новинска агенција КЦНА.
Ким ова го изјави за време на говорот на церемонијата на поставување камен-темелник за споменик на севернокорејските војници кои се бореле заедно со Русија во регионот Курск, јави КЦНА.
- Годините на воено братство, во кои е обезбедена гаранција за долгорочен развој на билатералното пријателство по цена на скапоцена крв, ќе напредуваат непрестајно. Предизвиците на „доминацијата и тиранијата“ не можат да ги попречат врските на двете земји, порача Ким.
Севернокорејскиот лидер присуствуваше на настанот што претставува најново јавно оддавање почит на војниците на таа земја кои се бореле во Русија за да го одбијат упадот на украинските сили.
Ким и рускиот претседател Владимир Путин потпишаа пакт за меѓусебна одбрана, а Северна Кореја испрати војници, артилериска муниција и проектили во Русија за да ја поддржат инвазијата на Москва врз Украина. Киев и Сеул проценуваат дека Северна Кореја распоредила повеќе од 10.000 војници во војната во замена за економска и воено-технолошка помош од Русија.
Јужнокорејската разузнавачка агенција во септември процени дека во борбите загинале околу 2.000 севернокорејски војници.
Американскиот претседател Доналд Трамп следната недела ќе ја посети Јужна Кореја.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена е жената што беше пријавена за исчезната во Куманово
-

Герасимовски: Воведуваме ваучери за користење на вештачка интелигенција - современа поддршка за младите во Центар
-

Полицаец пронашол марихуана на Тетовци па го нападнале
-

Ѓорѓиевски: Се реконструира улицата „Жил Верн“, продолжуваме да го уредуваме секој дел за побезбедна и поубава Кисела Вода и Скопје
-

Д-р Кузмановски мора да помине тримесечна обука и да полага испит за продолжување на лиценцата за работа, велат од Лекарска комора
-

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на вчерашниот ден подигнати 350 тони комунален отпад
-

Николоски: Касами да не се срами што Македонците во Тетово гласаа за него во првиот круг
-

Откриена лабораторија за производство на дрога во Неготино | ФОТО
