Македонија
24. October 2025 - 14:27

Полицаец пронашол марихуана на Тетовци па го нападнале

Лишени од слобода две лица во Тетово кои физички нападнале полициски службеници. Кај едниот е пронајдена и марихуана.

Како што информираат од МВР, ноќеска (24.10.2025) во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана.

Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што е пронајдена марихуана.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 215 и член 383 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Ново на Сител