Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод

Независниот кандидат за градоначалник за општина Македонски Брод, Милосим Војнески објави на Фејсбук дека се повлекува од изборната трка во вториот круг, притоа потенцирајќи дека време за обединување и ставање крај на поделбите.
- По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес, напиша Војнески на Фејсбук.
Според него, најдобрата одлука во интерес на неговите сограѓани е да се повлече од оваа изборна трка.
-Свесен сум дека оваа моја одлука за многумина ќе биде изненадување, но верувајте – ова е најдоброто нешто што можев да го направам за граѓаните на нашата Општина во овој момент. Секогаш ќе бидам достапен за граѓаните и ќе се обидам да помогнам колку што можам. Вашата поддршка никогаш нема да биде заборавена, пишува Војнески на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Лидерите на ЕУ не постигнаа консензус за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина
-

Вучиќ: Се води хибридна војна против Србија, постојат шанси за влез во ЕУ до 2030 година, но проблемот е Косово
-

Без струја делови од Кисела Вода, Центар, Шуто Оризари, Студеничани и Бардовци
-

Викендов почнува зимското сметање на времето
-

Облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд
-

Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-

Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
