Loading Video...
Свет
23. October 2025 - 16:27

Преглед на вестите од светот

Трамп синоќа воведе санкции за Русија, за првпат во својот  втор мандат. На удар  нафтените компании  Лукоил и Роснефт со цел да изврши притисок врз Путин да ја прекина војната во Украина.  

Тоа се масивни санкции и санкции врз нафтата. Двете најголеми нафтени компании, меѓу најголемите во светот. Но, тие се руски. Тие прават многу нафта. И се надевам дека тоа ќе го притисне ( Путин), се надевам дека ќе стане разумен и се надевам дека и Зеленски ќе биде разумен , изајви  Доналд Трамп, престедател на САД 

Потегот на САД е крајно контрапродуктивен од перспектива на наоѓање мир во Украина оцени Руското министесртвото за надворешни работи.

Овој чекор го сметаме за исклучително контрапродуктивен. Испраќа лош сигнал во однос на постигнување значаен напредок во преговорите за решавање на украинскиот конфликт. Доколку сегашната американска администрација почне да ги зема како пример своите претходници, кои се обидуваа да ја натераат Русија да се откаже од своите национални интереси со нелегални санкции, резултатот ќе биде апсолутно ист - тоа ќе биде неуспех за внатрешните работи и негативен за стабилноста на светската економија, изјави Марија Захарова, портпаролка на МНР на Русија.

Веста за  американски санкции предизвика значителен скок на светските цени на нафтата. Цената на суровата нафта од типот Брент порасна за околу 3% до над 5%, надминувајќи 80 долари за барел, поради загриженоста на пазарите за понудата. Во мегувреме  ЕУ  .Го одобри 19 пакет  санцкии против Русија, кој вклучува  забрана за увоз на руски течен природен гас до 2027 година,  санкции за уште 118  бродови од „флотата во сенка   и ограничувања за патување на руски дипломати.  Зеленски задоволен.

19-тиот пакет е многу важен . Но, американските санкции се исто така многу важни. Ова е добар сигнал до другите земји во светот да се приклучат на санкциите. И да продолжиме сè додека Путин не ја запре оваа војна. Значи, овие одлуки се многу важни, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина

Светската здравствена организација за првпат откако пред две недели стапи на сила прекинот на огнот во Појасот Газа, пренесе тешко болни деца на безбедно место, Шефот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, објави на платформата X дека 41 дете, заедно со 145 придружници, се изнесени од Газа.„Околу 15.000 пациенти сè уште чекаат одобрение за добивање медицинска нега надвор од Газа“, напиша Тедрос на X. За ваквите медицински транспорти се потребни дозволи од израелските власти, кои го контролираат пристапот до Појасот Газа.