Loading Video...
Свет
23. January 2026 - 12:25

Преглед на вестите од светот

Рускиот претставник Кирил Дмитриев рано утрово изјави дека претседателот Владимир Путин имал важна дискусија со тројца американски претставници на разговорите доцна во ноќта во Кремљ. Дмитриев учествуваше од руска страна заедно со помошникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков. 

Русија соопшти дека ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби во текот на денешниот ден, но предупреди дека траен мир нема да биде можен доколку не се решат територијалните прашања.

Разговорите почнале нешто пред полноќ и траеле околу четири часа, биле корисни и исклучително искрени. Ушаков рече дека Путин нагласил дека Русија е „искрено заинтересирана“ за дипломатско решение. 

Од американска страна, беа Виткоф Кушнер, Џош Груенбаум, новоназначен од Трамп за висок советник во неговиот Одбор за мир.

Американскиот претседател Доналд Трамп по разговорите со својот украински колега Володимир Зеленски во Давос изјави дека неговата порака до рускиот лидер Владимир Путин е дека „војната во Украина мора да запре“. Трамп ги оцени разговорите со Зеленски како „добри“, но не откри детали за нивната содржина. Средбата, која траеше околу еден час, доаѓа по неколкунеделна интензивна дипломатија во која Киев се соочува со притисок од Вашингтон за постигнување мир.

Данска гледа можност за нови преговори со Соединетите Американски Држави за зајакнување на безбедноста на Гренланд, по објавувањето на рамковниот договор меѓу претседателот Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Расмусен потсети дека за време на Студената војна САД одржувале 17 воени бази и објекти на Гренланд со околу 10.000 лица персонал, додека денес е активна само една база. Данска вети дека ќе го зајакне своето воено присуство на Арктикот.

Шест лица се потврдени како исчезнати во свлечиште што го уништи кампот на Северниот Остров на Нов Зеланд, соопштија денеска, додека екипите за итни случаи продолжија да ги пребаруваат урнатините.

Обилните дождови го предизвикаа свлечиштето на планината Маунгануи соборувајќи земја и урнатини врз прометниот камп во градот Тауранга, каде што семејствата уживаа во летниот училишен распуст. Командантот на полицискиот округ, изјави дека властите работат на контактирање на уште три лица, покрај шесте потврдени исчезнати.

Штетата од циклонот Хари низ јужна Италија надмина 1 милијарда откако силните ветрови и бури ги погодија крајбрежјата, пристаништата и инфраструктурата и предизвикаа големи операции за спасување и безбедност од страна на крајбрежната стража. Бурата најтешко ги погоди Сицилија и Сардинија. Спасувачките екипи имаа исклучително многу работа.