Трамп ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама за царини

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама против царини на владата во Онтарио, во која се прикажани коментари од 1987 година од поранешниот републикански претседател Роналд Реган.
– Фондацијата Роналд Реган штотуку објави дека Канада измамнички користела реклама, која е лажна, во која Роналд Реган зборува негативно за царините, рече Трамп во објава на неговата платформа Truth Social, припишувајќи ја кампањата на канадската влада наместо на онаа на провинцијата Онтарио, пренесе ДПА.
– Тие го направија ова само за да се мешаат во одлуката на Врховниот суд на САД и другите судови, продолжи Трамп, додавајќи: „Царините се многу важни за националната безбедност и економијата на сад“.
– Врз основа на нивното нечуено однесување, сите трговски преговори со Канада се откажуваат“, рече Трамп.
Врховниот суд на САД треба да ги сослуша аргументите во ноември за тоа дали Трамп имал овластување да воведе царини според законот за итни случаи од 1977 година.
Премиерот на Онтарио, Даг Форд, ја објави кампањата претходно во октомври. Во тоа време, тој рече дека канадската провинција ќе потроши 75 милиони канадски долари (53,5 милиони американски долари) за прикажување реклами во САД, во кои се прикажани извадоци од радио обраќањето на Реган од 1987 година, кое ги истакнува замките на царините.
Претходно оваа недела, Форд им рече на новинарите дека „слушнал дека претседателот ја слушнал нашата реклама. Сигурен сум дека не бил премногу среќен“.
– Тоа е реално, затоа што доаѓаше од најдобриот претседател што земјата некогаш го видела, Роналд Реган, продолжи Форд.
Реган, кој беше претседател на САД од 1981 до 1989 година и почина во 2004 година, е високо ценет во Републиканската партија на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
-

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела
-

Кривична за 19-годишник од Скопје осомничен за обљуба на малолетничка
-

Пронајдени коски кои наликувале на човечки при ископ со багер во близина на стари гробишта во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, секој граѓанин си е здраворазумен и има одговорност за својот глас
-

ОВР Дебар лиши од слобода лица за семејно насилство и поседување дрога
-

Три лица возеле пребрзо и под дејство на алкохол - СВР Куманово со кривични пријави
