Франгов:Гевгелија успешно се справува со предизвиците од бегалско мигрантската криза
Општина Гевгелија досега упешно се справуваше со бегалската криза од која предизвиците и натаму постојат бидејќи продолжуваат обидите за илегално преминување на границата, но капацитетот и намената на ПТЦ Гевгелија се ограничени и општина Гевгелија во никој случај нема да прифати промена на неговиот статус,нагласи градоначалникот Иван Франгов на денешната средба со шефот на секторот за соработка во делегацијата на ЕУ во нашата земја,Мартин Клауке.
Клауке ја поздрави заложбата и улогата на општина Гевгелија во справувањето со бегалската криза и потврди дека најавената помош за набавка на механизација за управување со цврстиот отпад во Гевгелија ќе се реализира во текот на јули од причина што е повторена тендерската постапка. Тој информираше дека ЕУ обезбедува финансика помош и за престојот на околу 300 европски полицајци на македонсската граница со Грција, како и за набавка на потребната опрема на граничната полиција.
На средбата меѓу Франгов и Клауке се разговараше и за соработката на општина Гевгелија со Делегацијата на ЕУ која се остварува преку другите програми на ЕУ и е оценета како успешна.
Ново на Сител
-
Клековски: Ако не реагираме сега, Македонија ќе се соочи со сериозен недостиг на матични лекари за 10-15 години
-
Политичарите да не ги чуваат во фиока препораките од научната фела
-
„Текстилијада 2025“- проблеми во текстилниот сектор
-
Од понеделник приватните автобуси со редуциран возен ред
-
Мицкоски: ДУИ живее во минатото
-
Филипче: Лоша е состојбата во Скопје
-
Шукова: БРТ е решение за Скопје
-
Ѓорѓиевски: Развој на сообраќајната инфраструктура во Скопје