Македонија
3. October 2025 - 16:35

Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани

Ослободени тротоари и велоспидески патеки во Чаир, како и прогласување на Мал Ринг во центарот на Скопје за пешачка зона ќе бидат едни од првите приоритети на Орце Ѓорѓиевски доколку стане градоначаланик на Скопје. Тоа ќе го направел преку проширување на главниот булевар во Чаир, и отворање на подземната улица кај Лимак.

Неговиот коалициски партнер Лабудовиќ пак, ќе помогне во Ценатар и со почиста општина.

Од ВМРО-ДПМНЕ ветуваат и директен пристап до општинските советници и мерки за настраданите во кочанскиот пожар.

Партискиот лидер пак, со порака до гласачите да не го трошат гласот на како што вели непринципелната коалиција Венко-Али-Димче, посебно критикувајки го однесувањето на Левица.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи митинзи во Новаци, Могила и Битола.