Македонија
3. October 2025 - 16:33

Политичарите да не ги чуваат во фиока препораките од научната фела

Препораките од научната фела да не завршуваат во владина фиока. Креаторите на политиките  да го земат во предвид она што академиците и професорите ги советуваат. Само на тој начин ќе се носат издржани политики и стратегиии.

Ова е заклучокот од меѓународната  конференцијата за оптимални политики во турбулентни времиња. Кога неизвесноста се уште е присутна, а последиците од изминатите кризи уште се чувствуваат – соработка меќу нив мора да има.

-Ние донесовме Развојна политика 2024-2044 и таму има базична основа и имаме што доколку би ги промениле политиките,  што треба да  правиме. На жаласт мислам дека таа стратегија и тој стратешки документ е некако затворен во нечии фиоки и не се употребува, изјави Абдулменаф Беџети, академик.

Причини зошто не се применува она што експертите ќе го препорачаат има многу – некогаш се политички, а некогаш комуникациски, вели професорот и претседател на Советот на економисти Треновски. Но мора да се најде модул како истражувањата да се преточат во решенија кои ги носат политичарите.

-Зошто не се применува Развојната стратегија, каде имаме конкретно одредено кои промени треба да се направат, како тоа ќе се одрзаи врз бруто домашниот производ, укинувањето на работни места. Политичарите велат дека не е момент, дека ќе засегне некоја мерка голем број граѓани, но затоа мора да се најде заеднички прифатливо решение,  изјави Борче Треновски, универзитетки професор и претседател на Совет на економисти.

Искуството покажува дека чинителите на политиките се плашат од преголеми резови, кои некогаш ги бараат економистите. Затоа тие им препорачуваат она што е неопходно да не се имплементира наеднаш, туку полека, во разумни рокови и не толку ригорозно.