Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
Сопствениците на диви депонии во „Варадриште“ седнаа на обвинителна клупа. На првото судско рочиште, тројцата обвинети признаа вина и рекоа дека се каат што незаконски собирале старо железо, акумулатори и други метали.
Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи, според обвинението речиси пет години носеле и складирале отпад во Варадариште. Дивите депонии биле откриени дури по пожарот од 31 август кој го покри цело Скопје со црн чад и непријатна миризба.
„Обвинетите вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпадот со што создале диви депонии и така го сториле кривичното дело, „Загрозување на животна средина и природата со отпад“, велат од Јавното обвинителство.
На тројцата обвинети им се заканува затвор од три месеци до три години. Тие во меѓувреме предложиле и сами да го остранат отпадот, но според адвокатите, не добиле конкретни одговори од општината Гази Баба, градот Скопје и Министерството за животна средина.
„Немаме доказ ниту воопшто го имало дека пожарите сега што се појавуваат на Вардариште се на местото каде што бил отпадот на обвинетите, туку се на други места. Причините како се настанати, не ни е позната“, изјави Костадин Веселеиновски, адвокат.
Обвинетите за загрозување на животната средина со отпад, пресудата ќе ја слушнат во среда.
Од јавното обвинителство пак велат дека се уште истражуваат како настанал пожарот во Варадариште. Сега, местото го обезбедува полицијата.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар