-->
-->
Филмот „Ќе дојдат децата“ од Ана Јакимска на Шангај Филм Фестивал
-->
Краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска ќе се прикажува на 20-тото издание на Шангај Филм Фестивал што од утре до 26 овој месец ќе се одржува во Кина.
Филмот на Јакимска ќе биде прикажан во официјална селекција каде ќе се натпреварува за престижната награда Голден Гоблет.
„Ќе дојдат децата“ е базиран на македонскиот фолклор и раскажува приказна за Велика, млада учителка која е испратена во едно планинско село да предава.
Улогите ги толкуваат Наташа Петровиќ, Шенка Колозова и Владимир Петков – Шкаља.
Филмот е во продукција на КРУГ Филм, а финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции