-->
-->
ФФМ им додели опрема на младите категории
-->
Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција).
„Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат“, истакна Драган Иванов од ФК Силекс.
Координаторот на младинските категории во ФК Брегалница, Драган Христовски вели дека донацијата на спортска опрема е од големо значење за клубовите.
„Реално помош во вид на донација е од огромно значење за сите екипи. Особено за ФК Брегалница, каде младите категории не влегуваат во системот на спонзорирање“, истакна Христовски.
„Нека се радуваат децата. Сите млади дечиња со голема радост ја очекуваат опремата, неколку денови само за тоа зборуваат. Благодарност до Федерацијата“, вели Скендер Исмаили од ФК Ринија.
„Голема благодароност до Фудбалската федерација на Македонија. Грижата за младите фудбалери е основа за светла перспектива на секоја екипа. Донираната опрема и фудбалските топки се голема помош за сите нас, а ние како екипа ќе продолжиме да се грижиме за младите фудбалери и ќе бидеме фокусирани на талентите“, истакна Суљо Алијовски од ФК Шкупи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хорор во два дома за стари лица: Им давале храна со поминат рок, погрешни лекови, ги терале да спијат по двајца
-
АХВ спроведе инспекциски контроли во училишни и кујни во градинки - Уништени 83 килограми храна
-
Мицкоски со бизнисмени од Струмица
-
Филипче: Државата им должи на фирмите 700 милиони евра, економијата е во колапс
-
Димитриевски: СДСМ врши притисок врз поддржувачите на ЗНАМ
-
Локални избори 2025
-
Преглед на вестите од светот
-
Продолжува судењето за „Онкологија“