Македонија
3. August 2017 - 13:50

Фатени турски државјанки со фалсификувани пасоши на ареодромот Александар Велики

Вчера во 11,15 часот на Граничен Премин-Аеродром „Александар Велики“-Скопје на излез од Р.Македонија се пријавиле да патуваат пет турски државјани.

При пасошка контрола констатирано било дека патните исправи, како и турските штембили биле фалсификувани.

По извршени разговори со лицата, истите изјавиле дека патните исправи ги купиле по 2.000 евра за секоја, од непознато лице од Косово. Лицата се лишени од слобода и се предадени на инспектори од Регионален Центар-Север-Скопје за понатамошна постапка.