Македонија
2. јуни 2025 - 16:46

Ќе има забрана на пушење на јавни места – здравствените власти во подготовка на законско решение

Може да заработите казна ако пушите на улица или на јавни места каде што има деца.  Забрана за електронски цигари во затворен простор, никако никотин на плажа...Вакви ригорозни мерки има во многу земји а македонските здравствени власти ќе имплементираат дел од нив во нов или дополнување на стариот закон во борба против пушењето кој со години е заборавен. Статистиката како и секоја година е алармамнтна – повеќе од 45 проценти од населението се пушачи а овој порок е се поприсутен кај малолетниците. 

-Пристапот е мултидисциплинарен, работиме на зголемување на царините, акцизите, правиме се како МЗ за зголемување на фокузџот на јавното здравје. Порано инспекции влегуваа и во кабинетите на министрите и казнуваа ако се секавате. Така бил отака ќе биде и сега, вели Јовица Андовски, заменик министер за здравство. 

Освен законската регулатива важни се и услугите за откажување од цигари. Во ИЈЗ има телефонска линија каде пушачите добиваат стручни совети. 

-Годинава од оние кои се јавиле околу 10 проценти успешно се откажале од пушењето. Можеби оваа бројка не е голема, но во споредба со други земји каде има вакви услуги е слична или иста, вели Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.

-Мора да се работи на програми во училиштата, политики без пушење, програми за откажување на наставен кадар како модел, вели Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ. 

Додека се чекаат законски решенија и црпење на искуства од други земји, реалноста покажува дека инспекција нема, никој не контролира каде се пушат цигари и што е најалармантно, цигарите се достапни во средни но и основни училишта.