Македонија
3. јуни 2025 - 16:36

Инспекторите за јазици бараат плата, но не и да говорат на македонски – можно решение по гласање на законот

Испалата на платите на вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците ќе се реши кога пратениците ќе дадат зелено светло за Законот за организација и работа на органите на државната управа. По средбата со координаторите на пратеничките групи добиле уверување дека решение е можно. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ апелира да не се дава политички акцент на состојбата и исплатата на платите да не се поврзува со Законот за јазици.

Волја за решение има и кај опозициската СДСМ. За Европскиот фронт ново законско решение не е потребно.

Дали се бара решение за проблемот со вработените во инспекторатот и кој е излезот, не слушнавме од пратеничката група на ВРЕДИ. На неколку свикани прес конференции во Парлемнетот пратеникот Ќоку одбива да говори на македонски јазик како службен јазик. По стапките на Ќоку и директорот на самиот институт, поставените прашања на македонски јазик сака да ги одговара на албански. 

По гласањето на законот, кое повеќе од еден месец е заглавено на собраниска седница, најавено е и формирање на национална агенција која ќе ги обединува и Институтот за употребна на јазиците и Институтот за употреба на македонски стандарден јазик.