Бизнис
2. јуни 2025 - 16:48

Ќе се кратат нереализирани проекти, ќе се додаваат приоритетни кои ќе се градат со британски пари

Ќе се крати од нереализирани капитални проекти, ќе се додаваат оние кои ќе се градат со британските пари.  Многу желби биле ставани на хартија, кои никогаш не почнале со изградба. Затоа  за проектите кои се зрели и чекаат старт ќе се повлекуваат пари од британскиот заем кои  ќе влезат во капиталните расходи на буџетот. На пример – ако се скратат 300 милиони евра од проекти кои се далеку од реализиција, ќе се додадат 300 милиони од британскиот заем за проекти  кои чекаат изведба. На тој начин, како што тврди министерката за финансии, јавниот долг нема да се зголемува.

- На овој начин сметаме дека ќе се тргнат на страна оние не толку важни во моментот капитални расходи или инвестиции. Како резултат на тоа, ќе се вклопат другите кои ги договараме со овој договор, кој би го рекла договор за стратешка соработка, кој е тоа на почеток, сега се договораме, но сите детали остануваме за понатаму, изјави Гордана Димитриоска Кочсока, министер за финансии 

Државата за оваа годоина предвиде 820 милиони евра за капитални проекти. До крајот на мај потрошени се нешто над 20%. Затоа веќе се подготвува и ребаланс на буџетот, каде ќе бидат одземени и помалите приходи од царнските стапки. Од 1 јули Владата за 50% ќе ги намали тарифите  за увоз на  суровини и репроматеријали, додека за увоз од САД во целост ги укинува. По овој основ царинските приходи годинава ќе бидат пониски за скоро 5 милиони евра. 

Пресметката е дека земјава ќе има фискални имликации вкупно 2 милиони евра на годишно ниво за овие 67 производи. Целосното усогласување на церинските стапки со ЕУ вкупно ќе има финансиски имликации од 4 милиони евра годишно. За годинава ќе изнесува 4,6 милиони евра.– Тоа е  50 % од разликата на нашата царинска стапка со европската или пластично објаснето ако нашата царинска стапка е 20%, а царината на Европската Унија е 10%, тогаш новата царинска стапка ќе изнесува 15% – информира министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Станува збор за 67 царински стапки, кои се однесуваат за увоз на суровини и репроматериали ,за автомобислката и металопреработувачката индустрија.За литиум јонските батерии пак, царините од 15 ќе се намалат на 2,7%.