Бизнис
22. May 2025 - 16:37

Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста

Прво готов проект, па повлекување на парите од Велика Британија. Министерката за финансии Кочоска вели дека во овој момент државата нема ниту еден проект на хартија, за точно да се знае колку пари би ни биле потребни и со колкава камата би ги позајмиле. Но тоа не значи дека нема да се побара кредит и од други земји – па ако каматата од нив биде поповолна, не сме обврзани да позајмиме од Британија.

Во проектно финансирање вие прво мора да имате зрел проект. Откако ќе го имате проектот зрел и готов за инвестирање, ќе побарате понуди. Која ќе биде најевтината понуда, со најниска стапка, таа ќе ја прифатиме. Зошто се смета дека ова е поволен заем, затоа што во моментов тоа е единствената банка која може да не поддржи за толку голем инвестициски проект. За желенизниците. За болниците, ќе видиме, ние не можеме да потврдиме, изјави Гордана Димитрисока Кочоска, министер за финансии.

Интересот на Британија за да ни одобрат 6 милијарди евра - пари кои треба да се искористат во следните 10 години, според министерката е во каматата која би ја добиле од позајмените пари. Висината на истата ќе зависи од проект до проект и од рочноста – колку е подолг рокот, толку каматата ќе биде пониска и обратно.

Не може каматата да е иста за да речеме за 100 милиони евра со рок на отплата на 10, 15 или 25 години, додаде Кочоска

За бизнисот клучно е при изведба на инфраструктурните проекти да бидат вклучени и домашните компании. Азески се надева дека со овие проекти пак ќе се вратат, затоа што, вели дека изминатиов период градежниот сектор бил тргнат на страна, и не добил ниту еден позначаен проект. 

За нас е клучно домашните компании да бидат вклучени. Е сега дали ќе биде 70 или 65 или 50% важно е да добијат работа за да можат да конкурираат и на странските пазари, изјави Бранко Азески, престедател на Стопанска Комора

Парите од Британија владата планира да ги вложи во железничката инфаструктуира, здравството и животната средина.