Македонија
2. јуни 2025 - 12:37
Јаневска: Контролите се засилени – учениците да не се обидуваат да препишуваат
Се намалува бројот на ученици кои сакаат со препишување да ја положат Државната матура. Министерката за образование денеска на стартот на градежните активности на нов објект во рамките на основно училиште во скопска Гази Баба рече дека само десетина ученици оваа година биле отстранети од тестирањето откако биле фатени како препишуваат од својот мобилен телефон.
Таа апелираше до учениците да не се обидуваат да препишуваат бидејќи контролите се засилени.
-->
-->