Македонија
2. јуни 2025 - 12:38
Мицкоски: Не ме изненадуваат бугарските позиции
Премиерот Мицкоски вели дека Македонија никогаш нема да ги прифати бугарските позиции за сегашен македонски идентитет откако вакви предлози на извештајот на известувачот Вајц предложиле бугарските европратеници.
Премиерот и денеска го повтори ставот дека станува збор за обид на Бугарија за асимилација што според него само ги потврдува задните намери на бугарските барања за уставни измени и слабите капацитети на претходната македонска дипломатија.
Премиерот вели дека извештајот во известувачот во својата драфт верзија за прв пат го споменува посебниот македонски идентитет и македонски јазик и како таков тој за Македонија е прифатлив.
Расправата за овој извешетај е закажана за средина на оваа недела.
-->
-->