-->
-->
Еден загинат и петмина повредени во страшна сообраќајка на патот Кратово-Пробиштип
-->
Едно лице го загуби животот, а пет се повредени од кои едно полесно во тешка сообраќајна несреќа која утринава се случи на патот Кратово-Пробиштип, кај местото викано Бигорска чешма.
Од полицијата за Курир информираат дека во несреќата учествувале две возила, „Рено Меган“ со скопски регистерски ознаки и „Фолксваген Пасат“ со штипски таблички. Во двете возила имало вкупно шест лица.
Во штипската болница биле пренесени петмина повредени, од кои едно лице им подлегнало на тешките повреди.
Во пробиштипската болница пренесено било едно лице кај кое биле констатирани телесни повреди.
Полицискиот увид е завршен, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Од АМСМ информираа дека сообраќајот во двата правци беше затворен од 8:40 до 10 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари