Џафери му порача на Иванов дека е должен да го потпише Преспанскиот договор

Во отсуство на опозицијата Собранието со мнозинство пратениците, или 69 гласа „за“ го донесе Законот за ратификација на Договорот со Грција во трето читање откако претседателот Ѓорге Иванов одби претходно да го потпише указот. Овој пат беа присутени 70 пратеници во собраниската сала, но еден, пратеникот Ферид Мухиќ, гласаше воздржано.
Пред гласањето претседателот на Собранието, Талат Џафери, му порча на претседателот дека овој пат е должен да го потпише.
- Претседателот на Република Македонија е должен да го потпише указот доколку собранието го донесе законот со мнозинство од 61 пратеници во трето читање – рече Џафери.
На потег е Иванов, кој во неколку наврати најави дека ќе го употреби т.н. џебно вето и дека и покрај обврската која му ја наложува Уставот, повторно нема да го потпише указот.
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
