Двајца потешко повредени во сообраќајки во Скопје, 100 возила непрописно паркирани
Еден сопатник и еден возач на мопед се потешко повредени во две сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на Скопје.
Со лесни повреди се здобиле четири лица во две сообраќајки од вкупно девет незгоди. Материјална штета е предизвикана во пет сообраќајки.
Податоците од билтенот на СВР Скопје покажуваат дека 59 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи возеле под дејство на алкохол и 12 возеле пред да се стекнат со правото да управуваат со возило.
Од сообраќај се исклучени две технички неисправни возила и девет нерегистрирани.
Сообраќајната полиција казнила и 100 возачи за непрописно паркирање, а 65 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
Кај пешаците, 13 поминале на црвено светло, а 17 не ја поминале улицата на пешачки премин.
Ново на Сител
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%
-
Безбедносната зона околу Собрание нема да значи забрана за протести
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
Марта Кос се понуди да ги олеснува разговорите меѓу Скопје и Софија
-
Инспекторите за јазици бараат плата, но не и да говорат на македонски – можно решение по гласање на законот
-
13 физијатри и 8 физиотерапевти од Скопје од понеделник на работа во кочанската болница
-
25 години користење на родовите податоци за креирање инклузивни политики
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир