Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
Рекорден пад на невработеноста во земјава, регистрира статистиката. Се намалува бројот на лица кои не можат да најдат работа, но расте и на оние кои работат на црно. Во првиот квартал невработеноста падна на 11,7 отсто во споредба со последниот квартал, бројот на невработени е намален за 2,3%. Ако на крајот од 2024 та биле вработени 700 илјади 530 лица, се 3 месеци нивниот број се зголемила за скоро 2,000.
Сепак загрижува порастот на неформално вработените.Такви се над 90,000., од кои 10 000 се само за 3 месеци. Најголем дел од нив., над 43 илјади работат во земјоделието, и 15,000 во градежништвото. Дел од нив се уште работат на црно за да не ја изгубат пензијата или социјалната помош.
Но државата најде начин како да влезат во системот. Со Законот за привремено ангажирање лица ќе можат да земаат и плата и пензија или било каков надомест. На овој начин се очекува да се намали сивата економија
Работодавачите ќе можат да ги ангажираат овие лица 4 месеци во годината во 3 дејности – земјоделие, угостителство и услужни дејности, што значи ќе можат да работат по хотели, ресторани, домови за стари лица, да чуваат деца или да помагаат во домаќинставта. Законот е изгласан и треба да се објави во Службен весник, но ќе се применува од почетокот на следната година.
Државата очекува да бидат опфатени околу 20 илјади лица.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар