25 години користење на родовите податоци за креирање инклузивни политики
Да создадеме систем на податоци кој нема само да информира, туку и ќе трансформира е пораката која денеска беше испратена на конференцијата по повод 25 години родова статистика на ДЗС.
Родовата еднаквост не треба да биде само море од бројки туку и реална слика за општествената реалност, рече претседателката Сиљановска Давкова која порача дека потребно државата еднакво да го вреднува трудот и гласот на секој поединец без разлика на пол и род. Давкова оцени дека се уште постојат препреки и невидливи граѓани на оваа држава кои се сериозен предизвик за луѓето кои работат на статистиката.
Статистиката не е само реален приказ на состојбите, туку главната цел да им помогне институциите во насока на креирање непристрасни политики.
Статистика одбележува 25 години родови податоци во рамки на 80 деценискиот јубилеј на Државниот завод за статистика.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар