ДУИ ја поздравува одлуката на Собранието “ЗА” Европска Македонија
Демократската унија за интеграција ја поздравува историската одлука за прифаќање на францускиот предлог донесена од страна на Собранието на Република Северна Македонија со кој се запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската унија.
Денес, триумфираше рационалноста, се зачуваа европските корени на земјата и беа поразени деструктивните обиди на регресивните проруски сили. Граѓаните на оваа држава не подпадна на измамите, провокациите, конфузијата и не ги поддржаа протестите кои имаа за цел да ја вратат државата наназад, по сите заеднички достигнувања.
Нашето патување кон Европа ќе го направиме заедно, со достоинство и целосен демократски капацитет. Ја имаме поддршката на сите земји од Европа и на Соединетите Американски Држави, со кои успешно ги поминавме сите предизвици за демократизација на земјата.
Демократската унија за интеграција остана силно ангажирана во реализацијата на оваа цел за одблокирање на евроинтегративниот пат заедно со коалициските партнери и ќе продолжи да биде дел во прогресивниот табор во секој неопходен процес до целосното остварување на сонот за интеграција на земјата во Европската Унија.
Ново на Сител
-
10 годишно дете гризнато од глушец во скопски Капиштец
-
Скопските градоначалници ќе бараат помош од колегите во другите градови за да го соберат ѓубрето
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
-
Притвор се бара за шест лица, а за деветнаесет мерки на претпазливост за злоупотреби во прилепската болница
-
Сведоци на обвинителството се откажуваат од прогон на онкологот Васев
-
Преполните контејнери и расфрланиот смет се потенцијална “бомба” за заразни заболувања
-
Кој колку би освоил на парламентарни избори?
-
Касами ветува поддршка за ДУИ во Кичево, очекува гласови од интегративците во останатите општини