Бизнис
17. September 2020 - 21:18

Доцни четвртиот пакет мерки за помош на компаниите и граѓаните

Бизнисот на колена, најавената помош од 4 сет мерки доцни. Владиниот врв новиот пакет го најави крајот на оваа недела, а вчера министерот за финансии откри дека дел од мерките ќе се знаат наредната недела. За да стапат на сила ќе треба да се менуваат закони, да се изгласаат во Собрание и да  се објават во Службен весник. Ова значи дека по објавување од Владата фирмите најавената помош за подобрување на ликвидноста би ја добиле оптимистички за неколку дена, а песимистички на неколку недели. Според најавите на владините претставаници помошта со исплата на минимална плата ќе продолжи, но со одредени измени, за да не се случи повторна злоупотреба од страна на газдите. Платежни картички ќе добијат пензионерите кои земаат до 15,000 денари пензија, самохраните мајки, како и неактивите баратели на работа. Ќе биде поголем од третиот, кој изнесуваше 200 милиони евра, најави попладнево министерот за економијата Бектеши.  

Со четвртиот пакет мерки ќе целиме да помогнеме и на секторите во кои претходно и можеби немаше дадено помош.Со четвртиот пакет мерки ќе бидат опфатени најсиромашните, со цел да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе продолжиме со помошта за платите во најпогодените сектори. Четвртиот сет мерки ќе биде значајно поголем пакет мерки бидејќи ќе опфати повеќе категории на граѓани, но и ќе биде сет мерки кој ќе се реализира до крајот на оваа година, потенцираше министерот Бектеши .

За да  им се помогне и на граѓаните и на компаниите, ќе се крати од секаде од каде што може. Нема да се купува мебел,  автомобили, да се реконструираат и градат школи, градинки, канализации, но ќе настрадаат и крупни проекти како  пругата Куманово - Бељаковце, а  застој има и во гасификацијата

Според податоците на министерството за финансии, до 31 август се потрошиле скоро 40% од предвидените пари за капитални инвестиции. Под 10% од парите се искористеле во министеството за политички систем, за локална самоуправа, за економија, внатрешни работи и одбрана. Во ек на корона пандемија, од трошење се воздржало и министеството за здравство, каде се потрошени само 24% од парите. Штедело и министерството за труд.Најголема реализцаија имаа во министетвото за култура, земјоделие и финансии. Инаку искуството од претходните години говори дека до сега требаше да бидат потрошени најмалку 65% од предвидените пари.