До 9:15 гласале 41.890 граѓани, излезноста на ниво на држава е 3%
Во првата прес-конференција, Државната изборна комисија ги соопшти првите податоци за излезноста во првиот круг локални избори.
Согласно планот за работа на ДИК, на секои 2 часа ќе се објавуваат податоците за излезноста и одѕивот на граѓаните за изборите.
Правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани, од кои до 9 и 15 часот утрово гласале 41.890 граѓани.
Вкупниот процент според податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани на ниво на државата изнесува 3% на ниво на држава. Поединечните податоци за излезноста на граѓаните во секоја општина ќе бидат објавени по завршетокот на прес-конференцијата на Државната изборна комисија.
По карактеристични детали околу одѕивот во проценти беа соопштени за општините:
Битола - 3,30%
Богданци - 4,68%
Боговиње - 1,29%
Бутел - 3.63%
Вевчани - 5.02%
Гевгелија - 4,30%
Гостивар - 1,71 %
Градско - 5,61%
Демир Kaпија - 5,37%
Зелениково - 5,62%
Карпош - 3,09%
Кичево - 2,35%
Куманово - 1,91%
Лозово - 6,36%
Охрид - 2.82%
Прилеп - 3,41%
Ресен - 5.01%
Струмица - 3,92%
Теарце - 1,90%
Штип - 3%
Ново на Сител
-
Тема на денот: Каква е статистичката слика за локалните избори
-
Три нови уролошки процедури
-
Преглед на вестите од светот
-
Гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и оние сместени во установи за вонсемејна грижа
-
Кондарко: Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Ново Село
-
Во Прилеп гласаат 297 болно и изнемоштено лице, 63 штитеници во Домот за стари лица и 119 осудени лица во КПД Прилеп
-
Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип
-
Во понеделник интервју на кандидатите за судија во Судот во Стразбур