Македонија
18. October 2025 - 16:27

Гласање на болни и изнемоштени и осуденици во затвор - Штип

Започна избирачкиот процес за локалните избори во Штип. ОИК врши дистрибуција на избирачкиот материјал на членовите на ИО, кои по уредување на избирачките места, се упатуваат во домовите на болните и изнемоштените лица кои се пријавиле за гласање. 

- Сите 152 пријави беа прифатени, односно, усвоени и сите 152 лица ќе можат да го остварат своето право на глас во домашни услови, изјави Виктор Вацев, претседател на ОИК – Штип.

Екипата на Сител го посети домот на 78 годишната Ленка Божанова, која поради болест мораше да гласа во домашна атмосфера.

- Ова ми е прв пат да гласам дома, а од секогаш сум гласала на гласачкото место, изјваи Ленка Божинова од Штип.

На ова избирачкоте место има вкупно 9 лица за гласање во домашни услови, а членовите на ИО се продржуваат на правилата посочени од ДИК.

- Се запазува приватноста, овде е и полномошникот кој помага при гласањето доколку не е во можност болниот и се става во плик, изјави Билјана Патраклиева, претседател на ИО.

Денеска своето право на глас го користат и лицата на издржување затворска казна во Затвор –Штип. 

- Нашето гласачко место беше отворено точно во 7 часот. Вкупно гласачи на списокот имаме 221. Од цела Македонија има затвореници во Затвор-Штип. За Скопје се гласа и за градоначалник и за советници на градот и за општините во Скопје, вкупно 42 лица на број и досега гласањето се одвива нормално, без никакви проблеми,  изјави Жаклина Парчаклиева, претседател на ИО – ИМ- Затвор-Штип

Гласачките кутии ќе бидат отворени до 19.00 часот, до кога осуденици ќе можат да го искористат своето избирачко право.