До 9:15 гласале 41.890 граѓани, излезноста на ниво на држава е 3%
Во првата прес-конференција, Државната изборна комисија ги соопшти првите податоци за излезноста во првиот круг локални избори.
Согласно планот за работа на ДИК, на секои 2 часа ќе се објавуваат податоците за излезноста и одѕивот на граѓаните за изборите.
Правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани, од кои до 9 и 15 часот утрово гласале 41.890 граѓани.
Вкупниот процент на ниво на државата на избирачи кои гласале од речиси 77% од избирачките места од кои се пристигнати податоци, изнесува 3% на ниво на држава. Поединечните податоци за излезноста на граѓаните во секоја општина ќе бидат објавени по завршетокот на прес-конференцијата на Државната изборна комисија.
По карактеристични детали околу одѕивот во проценти беа соопштени за општините:
Битола во 3,30%
Богданци 4,68%
Боговиње 1,29%
Бутел 3.63%
Вевчани 5.02%
Гевгелија 4,30%
Гостивар 1,71 %
Градско 5,61%
Демир Kaпија 5,37%
Зелениково 5,62%
Карпош 3,09%
Кичево 2,35%
Куманово 1,91%
Лозово 6,36%
Охрид 2.82%
Прилеп 3,41%
Ресен 5.01%
Струмица 3,92%
Теарце 1,90%
Штип 3%
Ново на Сител
-
Голем број демонстранти учествуваа на протестите ширум САД против политиките на Трамп
-
До 9:15 гласале 41.890 граѓани, излезноста на ниво на држава е 3%
-
Забраната на возилата со мотори со внатрешно согорување во ЕУ и здравјето на луѓето
-
Локални избори 2025, вести во 08:00 на Сител Телевизија
-
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем
-
Сите 117 избирачки места во Тетово отворено навреме, гласањето е без проблеми
-
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител
-
Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот