Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот
Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас на овие локални избори имаат 147.044 гласачи.
Според информациите од општинските изборни комисии гласањето засега тече во најдобар ред.
Во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.
Вчера гласаа болните и изнемоштените, штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско, домови за стари лица и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија.
Според информациите од ОИК Ново Село, каде вчера беше прекинато гласањето на болните и изнештените лица заради грешка во редните броеви на советничките листи на гласачките ливчиња, вчера попладне и синоќа гласањето е успешно завршено откако од ДИК беа доставени точни листи со редните броеви.
МИА
Ново на Сител
-
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7
-
Касами прогласи победа во првиот круг на локалните избори во Тетово
-
Јовановски: Над 5,000 гласови предност во првиот круг
-
Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци
-
Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече
-
Дарко Костовски прогласи победа во првиот круг во Бутел
-
Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 51 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една
-
ДУИ прогласи победа во Липково и Пласница