Македонија
19. October 2025 - 20:59

СДСМ: Победуваме во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, водиме во Дојран но најверојатно ќе има втор круг

„СДСМ води и очекуваме победа во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер-Сандево, Чешиново-Облешево, Кривоштани и Богданци. Тесна битка е во Неготино, Валандово, Македонска, Каменица Ранковце и Лозово. Водиме и во Дојран но најверојатно ќе има втор круг. Во секоја општинска организација имаме подобар резултат во споредба со минатата година“, изјавија од СДСМ.