Македонија
18. October 2025 - 14:24

Приведен 22-годишник, со телефон фотографирал девојка додека се туширала во студентски дом

На 16.10.2025 во 20:10 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Прилеп, со престој во студентски дом на подрачјето на Карпош, пријави дека на 16.10.2025 околу 17:00 часот, додека се туширала забележала телефон над параваните.

Според пријавата, А.М.(22) од Богданци, ѝ кажал дека тој ги направил фотографиите. Лицето е приведено во Полициска станица, а одземени му се лап топ и компјутер.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.