Македонија
18. October 2025 - 14:12

Приведени три лица од Прилеп за извршување на тешка кражба на накит | ФОТО

На 17.10.2025 во 19:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.А.(29) и двајца малолетници, сите од Прилеп, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби во две колонијални продавници и една златарница на подрачје на Прилеп.

Украдените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од КЗ „тешка кражба“.