Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка се сретна со земјоделци од Тиквешко
Во рамките на отворените денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, директорката Билјана Вуковиќ вчера се сретна со земјоделци од Росоман, Кавадарци и кавадаречкото село Сопот.
- Тука сме да слушнеме дали земјоделците имаат каков било проблем во однос на исплатата на субвенциите, или пак имаат прашања во однос на предмети, поднесени барања за добивање на механизација или подигање на нови овошни и лозови насади, млади земјоделци, значи се она што го работи Агенцијата како поддршка од програмите за финансиска поддршка. Сите прашања што ги имаат можат да ги постават до мене и колегите кои се заедно со мене. Имаме пристап до системот на Агенцијата па на прашањата одговараме веднаш и даваме насоки и упатства, како да се отстрани конкретен проблем, доколку земјоделците го имаат, рече Вуковиќ.
Таа соопшти дека на ваквите средби секој се интересира конкретно за својот предмет и барање за исплата на субвенции, кои се доставени до Агенцијата.
- Во случаите кога има проблем, најчесто станува збор за грешки околу трансакциска сметка, па исплата на финансиските средства не може да се реализира поради погрешна или згасната сметка. Имаше и определени проблеми во однос на исцртувањето на обработливите парцели, кои потоа не можеле да бидат пријавени за субвенции. Имаше и прашања за тоа до каде е исплатата на субвенциите за поддршка при одгледување на лозови насади кај лозарите, на што одговоривме дека 2015 година е комплет реализирана, започната е исплатата и за 2016 година, но поради правилата поврзани со изборниот законик, исплатата престана на 31 октомври оваа година и ќе продолжи по изборите и формирањето на новата Влада, нагласи Вуковиќ.
Ново на Сител
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври