ДИК: Во 43 општини завршија локалните избори
Државна изборна комисија вчера попладне ги објави и официјалните резултати од локалните избори добиени врз основа на оригиналните записници и прогласи крај на изборниот процес во 43 општини по првиот круг. Тоа значи дека во овие општини, градоначалникот е избран по првиот круг и таму веќе нема да има гласање. Во 33 општини на 2 ноември повторно ќе се гласа во рамки на вториот изборен круг, но овој пат, за најголемиот дел од Македонија ќе има само 1 гласачка кутија, додека за граѓаните на Скопје кои живеат во Аеродром, Центар, Карпош или Шуто Оризари ќе стојат две гласачки кутии бидејќи ќе има втор круг и на изборите за градоначалник на Скопје.
Гласањето ќе се повтори во 4 општини. Во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа во првиот круг излегоа помалку од една третина од гласачите па таму целиот процес ќе се повторува.
Според официјалните резултати излезноста на ниво на цела Македонија е 48,3% што е најниска излезност на едни локални избори.
По првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници, 5 коалицијата Вреди. Коалицијата на ДУИ доби 3 општини, исто колку и СДСМ.
Во вториот круг во Скопје во трката влегуваат Орце Ѓорѓиевски кој освои над 90.000 гласа и Амар Мециновиќ од Левица кој имаше околу 30.000.
Ново на Сител
-
Андоновски: Очекуваме до следната година Македонија да добие бесплатен роаминг во ЕУ
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика
-
Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на договорот влада со влада
-
Се заканува ли епидемија од сметот во Скопје?
-
Само еден глас пресуди да станат градоначалници
-
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници, има апсолутно мнозинство во локалната власт
-
Мециновиќ бара јавен дуел
-
Камиони, пари, станови и земјиште – замрзнат e имот на бизнисменот Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“