Македонија
26. February 2023 - 16:19

Детектор: Секој трет Албанец смета дека правилно се трошат парите од буџетот – 80% Македонци не се согласуваат

Близу две третини од граѓаните или точно 72,6% сметаат дека парите од буџетот се трошат ненаменски додека 17,9% сметаат дека трошоците се за потребите на граѓаните покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

И овде сосема различни перцепции на Македонците и етничките Албанци. Додека дури 80% од Македонците сметаат дека парите од буџетот не се трошат наменски, ваков став делат само 49,4% етнички Албанци. 30,8% од Албанците сметаат дека буџетот се троши за вистинските потреби на граѓаните додека ваков став делат само 13,4% Македонци.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01  до 04 февруари оваа година