-->
-->
Денеска е Свети маченичка Христина
-->

Света Христина по род беше од градот Тир и беше ќерка на царскиот намесник Урбан, незнабожец. Воспитана во истиот дух таа сепак, гледајќи ја убавината на созданието, дојде до познание на Бога и во една прилика ги искрши празните идоли во својот дом. Кога татко и го виде тоа, ја фрли в затвор со намера да ја предаде на смрт. Но, се случи така што истата ноќ Урбан нанадејно умре. Новите намесници, Дион и Јулијан, ја ставија света Христина на маки и откако ја увидоа сета бесмисленост на нивните напори да ја поколебаат во верата наредија да и се отсече главата. Света Христина пострада за Христа во третиот век.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
