ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови

Центарот за управување со кризи информира дека според известувањата од сите регионални центри, состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Северна Македонија до 13 часот денеска е стабилна.
Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а нивото на реката Пчиња е во опаѓање. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, иако водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола.
Во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата. Во Битола и Ресен нема нови излевања, реките се во своите корита, а теренските екипи продолжуваат со расчистување на мостови и пропусти.
Во Скопје, Струмица, Штип, Велес, Тетово и северозападниот регион состојбата е стабилна, без излевање на реките, а ситните одрони се отстрануваат од страна на надлежните служби.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Анкетна комисија за Пулс во Парламентот може да влијае на судската постапка
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група СДСМ
-

Одложено утрешното судење за „Пулс“, обвинетите не го добиле обвинението
-

Заврши истрагата за полициските службеници осомничени за пожарот во кочанската дискотека
-

Екс министерот Димковски осомничен за криминал со стоковните резерви
-

Судски совет презентираше програма за борба против корупцијата во судството
-

Мицкоски до утре ги чека предлозите од ВРЕДИ за празните места во Владата
-

Над 6 илјади граѓани аплицирале за грант за отворање сопствен бизнис
