Честитка од претседателот Иванов по повод Божик
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово - Божиќ.
- Празнувајќи го Божиќ ние се сеќаваме на еден од клучните настани во историјата, а тоа е денот кога Синот Божји стана и Син Човечки за да го покаже патот до вистината која носи надеж за живот. Божјото поистоветување со луѓето преку Исус Христос е, воедно, и најсилната недвосмислена потврда на вроденото човеково достоинство и неотуѓивата вредност на секој човек, независно од етничката, јазичната, верската, социјалната припадност, независно од полот и возраста. Поради тоа, ние сме обврзани љубовта кон Бог да ја искажеме преку почитувањето на нашите ближни, нашите семејства, нашите соседи, нашите сонародници, нашите сограѓани, се наведува во честитката.
Воедно, се додава дека денес, повеќе од кога и да било порано во Република Македонија ни е потребно одново да ја откриеме таа почит.
- Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме, да се помириме и да се сплотиме околу трајните вредности. Ова е можност да градиме човечно, солидарно и праведно мултиетничко општество во кое ќе владеат праведни закони. Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник, Ви посакувам добро здравје. На сите граѓани кои го прославуваат празникот им посакувам заедно и со отворени срца да ја прославиме радосната вест за Христовото раѓање, стои во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Продолжен притворот за Васев
-
Пробацијата како замена за затворските казни
-
Божиновска: Нема да останеме без гас, откако ЕУ забрани увоз на руски енергенси
-
Сезоната на грип почна – досега вакцинирани над 8 000 граѓани од ризичните групи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судиите ретко одлучуваат за условен отпуст
-
Наместо да заврши, жетвата на ориз не е ниту на почеток
-
Неистражени средновековни тврдини