Бугарија од јуни ќе добива американски гас
– Бугарија од јуни ќе почне да добива американски течен природен гас (LNG), што ќе и помогне во снабдувањето на пазарот откако рускиот „Газпром“ го прекина снабдувањето со гас, соопшти денеска бугарската Влада.
Аранжманот беше договорен на средбата меѓу премиерот Кирил Петков и американската потпретседателка Камала Харис во Вашингтон, соопшти владата.
„Испораките на течен природен гас за Бугарија по цени пониски од оние на „Газпром“ се договорени од јуни“, се наведува во соопштението на владата, без да се дадат дополнителни појаснувања.
„Газпром“ од 27 април ја прекина испораката на гас за Бугарија и Полска, затоа што одбија да плаќаат во рубљи.
Бугарија годишно троши околу три милијарди кубни метри гас, од кои над 90 отсто доаѓа од Русија.
Бугарија е во преговори со Азербејџан за зголемување на испораките на гас и се обидува да преговара за ЛНГ преку терминалите во Грција и Турција.
Ново на Сител
-
Ќе се кратат нереализирани проекти, ќе се додаваат приоритетни кои ќе се градат со британски пари
-
Наместо 10, прагот за репрезентативност на синдикатите ќе се намалува на 5 проценти
-
Ќе има забрана на пушење на јавни места – здравствените власти во подготовка на законско решение
-
СДСМ: Зошто началничката на кочанската полиција не е опфатена со истрагата?
-
Судски не ја разгледал пресудата на Управен за уставната судијка Дуковска
-
Мицкоски: Не ме изненадуваат бугарските позиции
-
Јаневска: Контролите се засилени – учениците да не се обидуваат да препишуваат
-
Измени на Законот за работни односи