Бочварски: Домашна и меѓународна поддршка работи на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека се работи на надминување на проблемот со хакерскиот напад во АД МЕПСО со цел да се врати во функција тековното работење на компанијата.
Во изјава за медиумите дадена по направениот увид во изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка, Бочварски рече дека најважно е тоа што критичната инфраструктура е заштитена и што непречено се одвива снабдувањето со електрична енергија кон граѓаните и компаниите.
- Информирани се сите домашни и меѓународни институции и се работи и со домашна и со меѓународна поддршка во делот на надминување на сите овие прашања со цел комплетно да се врати во функција тековното и редовно работење на компанијата, рече Бочварски.
Ваквите сајбер напади, како што рече, не се нови и се случуваат и во другите држави од регионот.
Македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) АД Скопје вчера соопшти дека се соочува со кибер напад, но, дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени.
- Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на кибер напади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако АД МЕПСО ги има превземено сите мерки за заштита од кибер напади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека крититичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно функционална и не е предмет на овој кибер напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени, информираше вчера МЕПСО.
Ново на Сител
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар