Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
Тајните служби ме следеле во пресрет на парламентарните и локалните избори сомневајќи се дека организирам и финансирам парпаолициски структури и терористички групи. Премиерот Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти постапувањето на разузнавачите за време на власта на СДСМ и ДУИ.
Го повика државниот јавен обвинител кој стоеше зад него да го слушне овој глас.
Од обвинителството велат дека уште вчера го слушнале гласот.
„Јавното обвинителство веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ, за што Јавниот обвинител на РСМ на денешната средба веќе го информираше и премиерот. Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите“ – се вели во соопштението на Обвинителството
Премиерот вчера одговарајќи на пратенички прашања откри дека располага со документација според која подолг период бил следен од тајните служби. Во 2020 изворот под кодно име Цилиндер составувал белешки според кои Мицковски во пресрет на парламентарните избори организирал радикални структури кои требале да ги исплашат граѓаните за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Исто извор документирал средба на Мицкоски со две жени на Водно кои наводно му споделувале информации. Премиерот рече дека бил следен и пред локалните избори но тогаш агентот Џокер информирал за негова средба во бигорскиот манастир со припадници на патриотско друштво за која констатирал дека тогашниот лидер на опозицијата со радикални структури договарал дестаблизација на Македонија. Мицкоски откри дека покрај него, физчки биле следени и неговата сопруга и двете деца од кои едното малолетно.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар