Македонија
27. December 2024 - 16:39

Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар

Инфективна клиника функционира на “стаклени нозе.“ И фалат 100 вработувања и тоа на лекари, медицински сестри, болничари,транспортери и административен персонал. Егзодусот се случувал во текот на цела деценија а најмногу за време на ковидот и периодот после тоа. Многу пензионирања и заминувања во други установи а местата нема кој да ги пополни. Прашање е што ќе се случи доколку има некоја нова пандемиска закана? Од Фондот за здравство алармираат дека инфектолози нема доволно на ниво на држава бидејќи младите доктори не сакаат специјализација  за заразни болести.

 - Во повеќе болници сме на пензионерите останати со продолжување до 67 години. Мораме и со програмите за специјализација и со мотивација на персоналот да обезбедиме ладен ланец – минимум капациетет што мораме да го имаме. И сега да се одобрат 100 вработувања за Инфективна, нема кој да биде вработен, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.

Освен Инфективна загрижувачка е состојбата и со струмичката болница каде догодина 75 вработени ќе одат во пензија а по истиот основ и Гостивар ќе остане без доктор по судска медицина. За да не крахира на здравствениот систем му е неопходна итна реорганизација.

- Се работи една стратегија во МЗ со помош од Европската унија и некои делови од тоа ќе се решаваат. Некои капацитети ќе се затворат, но не со отпуштања туку спојување со други установи, вели Клековски.

И додека се алармира за итна потреба од вработувања во одредени клиник ии болници, вработените со договор за дело повторно ќе извисат. Сега до март идната година ќе се чека од ЈЗУ да бараат согласности за нови вработувања.