Бигорски манастир го одбележува својот патрон
Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, го одбележува 11 септември, денот на отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.
Како што информираат од Бигорскиот манастир, во свештената Бигорска обител вечер со почеток во 18 часот и 30 минути ќе се отслужи свечена архиерејска вечерна богослужба, на која ќе биде извршено и монашење на четворица браќа.
Утре, на денот на патронот, во 7,30 часот ќе започне утринската богослужба, а со Светата архиерејска Златоустова Литургија, која почнува во девет часот ќе чиноначалствува надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски, неговото Високопреосвештенство, г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Повардарски, Неговото Високопреосвештенство, г. Агатангел.
Традиционлано, по повод патронот во Бигорскиот манастир, престојуваат повеќе стотици верници од сите делови на државава, кои овде доаѓаат неколку дена пред празникот, но најмногу вечерва и утре.
Ново на Сител
-
Исплатени субвенции за тутунот
-
Во Прилеп, Кривогаштани и Долнени започна услугата „Mедицинска сестра во заедницата“ – прва од ваков вид во Македонија
-
Колку од плажите ќе обезбедат спасители
-
Погребан папата Франциск – илјадници верници и државници му оддадоа последна почит
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа