Би-Би-Си: Се очекува Сунак со следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс
Се очекува британскиот премиер Риши Сунак, чија конзервативна партија претрпе пораз од лабуристите на вчерашните избори, во следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс, јави Би-Би-Си.
Сунак денеска се враќа во Лондон, каде наскоро ќе треба да се сретне со кралот Чарлс, откако вчера успеа да го задржи своето парламентарно место во Јоркшир.
По оставката на Сунак, се очекува кралот Чарлс официјално да побара од лидерот на лабуристите Кир Стармер да формира влада.
Во согласност со традицијата, се очекува Сунак многу брзо да го напушти Даунинг стрит 10, за разлика од другите западни земји каде трансферот на власта се изведува побавно, додава Би-Би-Си.
Лабуристите на вчерашните општи избори во Велика Британија освоија 410 од вкупно 650 места во Долниот дом на параламентот, покажаа излезните анкети, со што заврши 14-годишното владеење на конзервативците.
Ново на Сител
-
344 милиони денари ќе се слеат на државните универзитети, јавните научни установи и во МАНУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт
-
Најавени нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми