Бесими - Басани: Нотирани постигнувањата на земјава кои се резултат на 30-годишното партнерство со Светска банка
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска се сретна со потпретседателката на Светска банка за регионот Антоанела Басами и регионалната директорка за Западен Балкан Шиаочин Ју.
На средбата, како што соопшти попладнево Министерството за финансии, присуствувал и директорот на Светска банка во земјава Максимилијано Паолучи.
Соговорниците разговарале за постигнувањата во изминатите 30 години што се реализирани со поддршка на Светска банка.
Министерот Бесими ја истакнал важноста на реализираните проекти на Светска банка за развојот на општеството, економијата и животната средина.
- Ова партнерство е од исклучителна важност за Владата на Република Северна Македонија, не само од аспект на финансирање, туку и во обезбедувањето знаење и експертиза. Потврда за нашата голема соработка се реализираните 65 проекти во вредност од над 2,8 милијарди американски долари, нагласил Бесими додавајќи дека во тек се девет проекти во износ од 404 милиони американски долари.
Тој потенцирал дека поддршката од оваа меѓународна финансиска институција се одвива во разни области коишто имаат исклучително значаење за државата, како што е обезбедената поддршка за време на ковид-кризата, енергетската криза и други предизвици.
Од страна на Бесими била изразена благодараност за поддршката што Светска Банка ја дава во процесот за обезбедување на заемот за развојни политики насочен кон остварување поотпорна економија и зелен развој, како и за подготовката на новата Рамка за партнерство која ги содржи областите каде Групацијата на Светска банка ќе обезбеди поддршка за развојната агенда на земјата. Новата Рамка го опфаќа периодот 2024-2028 година и се очекува да биде одобрена на почетокот на следната година.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче