Асанж поддржува излез на Велика Британија од ЕУ
Основачот на Викиликс и поранешен австралиски хакер Џулијан Асанж изјави дека го подржува излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Во интервју за лондонската телевизија Ај-Ти-Ви, Асанж, кој безмалку четири години е во доброволно прогонство во зградата на Амбасадата на Еквадор во Лондон, ја обвини Владата на премиерот Дејвид Камерон дека „постојано ја користи ЕУ, како покритие за одлуките што самата ги носи“.
Залагајќи се за Брегзит, Асанж зборува за европскиот налог за апсење, што е причината за неговото бегство и криење во странската дипломатка мисија.
Според договорот на земјите членки на ЕУ, доколку една земја издаде ваков налог за осомничен за сторено кривично дело, земјата во која осомничениот се наоѓа, мора да го екстрадира и да и го предаде на државата која го бара.
- Во Британија мислиме дека имаме право на фер судење, кое вклучува докази, обвинување и судии, но во мојот случај тоа не постои, ијзави Асанж, тврдејќи дека „случајни функционери“ од некоја земја од ЕУ може да ја натераат британската полиција да го уапсат оној за кој има европски налог за апасење.
Џулијан Асанж е осомничен од шведското обвинителство за силување. Тој тврди дека не сторил ништо незаконско, но властите во Шведска побара од Асанж да се појави на сослушување во Стокхолм.
Тој го одби тоа, тврдејќи дека станува збор за „наместен случај“ за да биде уапсен и предаден на Американците поради нелегално објавување на доверливи документи на Владата на САД.
Шведска тогаш издаде европски налог за апсење, британската полиција веднаш го притвори, а по бројни правни игри на неговите адвокати, Врховниот суд пресече дека Асанж мора да биде екстрадиран во Шведска.
Тогаш тој побегна од куќата што судски му беше одредена за живеење, зашто се бранеше од слобода со платена кауција, и се сокри во Амбасадата на Еквадор каде побара и во август 2012 година, доби политички азил, затоа што бил „политички прогонуван“.
Ново на Сител
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот