Апсење во Министерството за животна средина
Директорот на Управата за животна средна како и една инспекторка од Државниот инспекторат за животна средина се меѓу приведените во вчерашната голема акција на МВР во Министерството за животна средина.
Како што дознава Сител од неофицијални извори во истрагата, приведените се сомничат за злоупотреби во службата.
Во Акцијата на МВР уапсен е директорот на Управата за животна средина И.Т., инспектор во Државниот инспекторат за животна средина Л.Г. и помлад соработник во секторот за општи работи при Управата за животна средина .А.Р., Тројцата вработени се уапсени за несовесно работење и за примање поткуп.
Основниот суд Скопје 1- Скопје им определи превентивни мерки: забрана за напуштање на живеалиште, обврска лицaта повремено да се јавуваат кај определено лице во Судот и забрана за преземање определени работни активности.
Ново на Сител
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот