Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок
Антикорупциската комисија ќе ја информира Владата дека претседателот, заменикот и членовите на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) не постапиле по нејзин заклучок од јули 2021 да го намалат износот на надоместоците што ги добиваат.
Како што соопшти на седница на ДКСК нејзиниот член Владимир Георгиев, тие цела година земале надоместоци по повисоки износи од оние што биле утврдени со заклучок од Владата.
Во април 2021 Владата, како што рече, утврдила зголемување на надоместоците на 18.000 и 15.000 денари, а во јули 2021, со втор заклучок, таа наложила да се вратат старите, пониски износи од 12.000 и 10.000 денари, но претседателот и членовите на УО на ФЗО продолжиле да го земаат повисокиот износ. Траело до август 2022 кога за тоа се дознало во јавноста.
УО на ФЗОМ наводно не ја знаеле втората одлука на Владата да се намалат надоместоците.
-Откако ова проструило во јавност, УО донел внатрешен акт да се намалат надоместоците според заклучок на Влада од јули 2021... Оправдувањето дека не знаеле не држи, зашто сите други управни одбори ги намалиле износите, рече Георгиев.
Поради тоа предложи за овој предмет да се обратат до Владата, која ги назначува управни одбори во државните институции, и да преземе мерки за непостапувањето по нејзин заклучок.
Рече и дека немаат јасен одговор дали Владата има повратни информации од овие тела за спроведувањето на нејзините заклучоци и насоки.
Ново на Сител
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври